Македонија
28. May 2016 - 19:20

Струмичанец со чекан ја претепал сопругата

Против 76-годишниот Р.Б. од село Свидовица СВР Струмица поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело тешка телесна повреда.

На 16 овој месец околу 05.30 часот пријавениот, по претходна вербална расправија, со чекан ја удрил својата сопруга, по што и физички ја нападнал, нанесувајќи и видливи телесни повреди.