Струмичкиот театар задутре со премиерна изведба на претставата „Второто пришествие“
Претставата „Второто пришествие“ на Струмичкиот театар в сабота премиерно ќе биде изведена на сцената 112 во Центарот за култура „Антон Панов“.
Претставата на драматургот и режисер Васил Михаил, која ќе биде изведена и в недела, е втора во годинешната сезона на ансамблот на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица.
Во претставата играат Ангелина Тренчева Ангелова, Оливера Аризанова и Игор Тодоров, кои со неа прославуваат јубилеи 10 и 15 години театарско работење.
- Времето на дејството е во иднината, значи футуристичка трагикомедија, фарса, гротеска, сатира, нешто што варира е еклектиката на овие би рекол, комични жанрови. Ова е пред се необична претстава, интересен чин за нашиот театар, но и за театарот во Македонија воопшто, рече на денеска на прес-конференција, режисерот и драматург Михаил.
Појасни дека освен негова драматизација, во тексот се вметнати и цитати на Режек, Вапцаров, Рацин и на Светото писмо.
Според директорот на Струмичкиот театар, Драган Маџиров, претставата ја подготвувале речиси шест месеци.
- Она што импонира е што во нејзината реализација се вклучени струмички уметници. Уметникот Никола Пијанманов ја направи сценографијата, а музичарот Горан Алиќ ја спреми музичката подлога за претставата. Костимографијата е една од најдобрите во својата бранша, Елена Дончева, рече Маџиров.
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација