Стружанец учествувал во сообраќајка во Албанија

Во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патниот правец Либражд-Прењас, во близина на албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан“ учествувал и стружанец.
Во директниот судар на две возила,со кои управувале македонскиот државјанин И.Л.(36) од Струга и С.С.(45) жител на Тирана повредени се шест лица,на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Либражд.
- Во сообраќајната несреќа повредени се Т.С.(75), Ѓ.К.(80) и Е.К.(85) сите жители на Тирана, како и македонските државјани М.Л.(31),Е.Л.(12) и Ќ.Л. Сите се префрлени во болницата во Либражд и се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.
Ова е втора сообраќајка месецов во близина на преминот „Ќафасан“ во која учествува македонски државјанин. На 16 август учествуваше возило управувано од Валерија К. (25),во која повредени беа и нејзините три сопатнички. И тие минаа со полесни повреди и по дадената лекарска помош во болницата во либраж беа пупштени на домашно лекување.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
