Стружани снабдени со огревно дрво, „Македонски шуми“ има залихи
Стружани се снабдени со потребните количини огревно дрво, а испораката е направена пред почетокот на грејната сезона, информира директорот на подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Струга Жарко Бебекоски.
Според него, на плацот на „Македонски шуми“ имало залиха од 600 метри кубни од каде заинтересираните може да купат огревно дрво.
- Има слаба побарувачка, градот е снабден. Испораката е завршена на време сега праќаме и за Скопје, Прилеп и за други градови. Ако стружани се заинтересирани во секое време може да дојдат да си купат дрва. Моментално на плацот има залиха од 600 метри кубни, изјави Бебекоски за МИА.
Цената на огревното дрво во „Македонски шуми“ е непроменета од претходните години односно метар квадратен даб е 2.453, а бука 2.371 денар.
Во однос на дрвокрадците, Бебекоски посочи дека со акцијата „Гора“ намалена е некотролираната сеча на шумите за околу 70 отсто, но оти сеуште има и тешко е да се искорени.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка