Студено утро со температури и до минус 11 степени
Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус 11 до минус 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје најавено е студено утро, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку ден, времето се очекува да биде сончево и тивко.
Минималната температура предвидено е да се спушти до минус 6, а максималната да достигне до 10 степени.
Во следните денови се предвидува да биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните да бидат во пораст. По одделни котлини да има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот, се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат