Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави
Стотици луѓе денеска протестираа пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево поради начинот на кој властите во земјата реагираа на поплавите, во кои загинаа 27 лица во октомври минатата година и да побараат казна за одговорните за жртвите и уништувањето.
На протестот, организиран од неформална група студенти преку социјалните мрежи, учествуваа околу 2,000 луѓе, меѓу кои и жителите на Јабланица, најтешко погодено место при минатогодишните поплави.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Злосторство без казна“ и „Кој е крив“.
Тие бараат итно да се почне истрага и да се санкционираат одговорните за жртвите во поплавите и казнен прогон на сите одговорни кои овозможиле илегално да работи каменоломот.
Поради уривање на карпи од блискиот каменолом во градот Долна Јабланица загинаа 19 лица, а нивните куќи се уништени или сериозно оштетени.
Демонстрантите исто така побараа и објавување на податоците за собраната помош и за трошењето на средствата, како и да се објават планови за санација на поплавените подрачја.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда