Студентка по медицина од Молдавија ја убила мајка си вадејќи ѝ ги органите
Млада студентка по медицина наводно ги извадила срцето, белите дробови и цревата на својата мајка, а потоа мирно ја измила крвта под туш и се сретнала се своето момче, се вели во сторија која ја пренесува весникот „Њујорк пост“.
Ана Леиковиќ (21) од Комрат, Молдавија, прво ја избола со нож нејзината мајка Прасковја, која го преживела нападот. Ана тогаш започнала да ги вади органите.
„Леиковиќ е осомничена за ужасно злосторство. Таа со нож ја нападнала својата мајка, а потоа и’ ги извадила органите на живо“, објави весникот „Комсомолскаја правда“, повикувајќи се на полициски извор.
Кога Ана се појавила на суд, еден од новинарите прашал дали навистина на нејзината мајка и’ го направила се’ тоа што и’ се припишува, а таа низ смеа одговорила само „збогум“. Како што пренесува „Дејли мејл“ младата Молдавка имала околу 9.500 следбеници на „Инстаграм“ и аспирации да стане познат модел.
Мајката се вратила од работа во Германија и верувала дека нејзината ќерка котисти дрога. па сакала да ја испрати на лекување, што веројатно ја поттикнало Ана да го стори ваквото злодело.
Ново на Сител
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО
-
Кривичниот суд ги одби приговорите: На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување на ќерката
-
Словачкиот премиер Фицо на прво официјално патување надвор од Братислава по обидот за атентат