Студентски протести во Белград (видео)
Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ од утре да ги затвори сите студентски домови во Белград и да ги исели студентите поради порастот на бројот на заразени со коронавирус во главниот град, предизвика незадоволство меѓу студентската популација која вечерва почна спонтано да се собира на улиците.
Најголемиот собир бил во Студентскиот град, но и во студентскиот дом „4 Април“, каде незадоволните студенти излегле и блокирале една од улиците.
Еден од учесниците во протестот изјави дека собирот бил спонтан, целосно е блокирана улицата во близина на студентскиот дом, а сообраќајот е запрен.
– Полицијата дојде и си замина. Атмосферата е одлична. Ништо не е готово и ние нема да заминеме се додека не се реши ситуацијата. Нема лидер на протестите, истакна еден од студентите.
Меѓу младите биле забележани пароли „Правда за студентите“. Некои од студентите ги повикувале станарите од околните згради да им се придружат.
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
