Македонија
5. February 2025 - 19:41

Студентското радио на УКИМ заминува во историјата

Студентското радио на УКИМ заминува во историјата. Радиото кое тешко да се каже дека некој студент го слушаше, е избришано од регистарот на радио дифузери. Откако веста се прошири на социјалните мрежи, неговото угаснување доби и политички правец. 

Лидерот на Левица, обвини дека од ВМРО-ДПМНЕ ги оштетиле младите, прашувајќи кој од партијата се плаши од слободната и прогресивна критичка мисла. 

„Јас сум еден од основачите и првите уредници на истово радио пред повеќе од една деценија. Немале пари, кутрите да го сервисираат“ – стои во објавата на Апасиев на социјалните мрежи.

Студентскиот врв веднаш го контрираа професорот, при што му порачаа да не ја меша политиката во секоја одлука. 

Лани во октомври, со пари од САД студентите на новинарство добија ново опремено студио во кое може да изработуват квалитетни новинарски стории од секаков вид. Токму со ова студио, универзитетските професори се надеваат дека ќе се поправи нивното секојдневние, да предаваат на повеќе од пет студенти по новинарство.  

Годинава само шест лица одбрале да учат новинарски студии на УКИМ. Во Црна Гора, држава со 600.000 жители, околу 100 лица ја одбрале оваа професија. На Косово 80, а во Србија има стотина потенцијални новинари на сите јавни универзитети.