-->
-->
Студија: Дебелината го зголемува ризикот од лечење со коронавирусот
-->
Дебелината го удвојува ризикот кај луѓето од лечење во болница од коронавирусот, утврдиле научниците од Универзитетот во Глазгов, засновани врз податоците собрани од 400.000 луѓе.
Тие откриле во студијата дека како што се зголемува индексот на телесна маса, се зголемува ризикот од сериозни заболувања со вирусот, пренесува британски „Сан“.
Пол Велс од Универзитетот во Глазгов рече дека пациентите со таков индекс порано завршувале во болницата и на респираторите и дека нивната состојба се влошува.
Пациентите со висок крвен притисок и побавно одење, исто така, се изложени на поголем ризик.
Се претпоставува дека причината е што дебелината може да предизвика проблеми со срцето, дијабетес, но и недостаток на кислород во организмот.
Пријавено е дека околу една третина од Британците се дебели и имаат индекс на телесна маса поголема од 30, поради што се проценува дека смртноста во Велика Британија кај оваа болест е најголема во Европа.
Тој додаде дека владата се обидувала да открие како полот, етничката припадност и дебелината влијаат врз јачината на вирусот, откако било утврдено дека Британците со од црната раса, Азијците и малцинските групи почесто умираат отколку остатокот од населението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден