Студија: Од коронавирусот мозокот може да остари 10 години
Експертите за здравје дојдоа до податоци дека пациентите заразени со Ковид-19 можат да претрпат значително когнитивно оштетување, при што некои тешки случаи доживеале ментален пад еквивалентно на стареење на мозокот за десет години.
Студија на над 84.000 луѓе, предводена од д-р Адам Хемпшир од Империјал колеџот во Лондон, открила дека во некои тешки случаи на инфекција со коронавирус е забележано значително влошување на когнитивната функција што може да трае со месеци, пишува Ројтерс
„Нашите анализи се совпаѓаат со други ставови кои тврдат дека по заразувањето со Ковид-19 инфекција може да доведе до хронични когнитивни последици“, пишуваат истражувачите во студијата.
„Луѓето кои закрепнаа, вклучително и оние кои веќе немаа симптоми, покажаа значителен когнитивен пад“, додаваат тие.
Когнитивните тестови мерат колку добро нашиот мозок извршува задачи – како што се меморирање зборови или поврзување точки на сложувалка. Ваквите тестови често се користат за проценка на нивото на когнитивната функција кај болести како Алцхајмерова болест или за проценка на степенот на привремено оштетување на мозокот.
Хемпшир и неговите колеги ги анализирале резултатите на 84.285 учесници во студијата „Great British Intelligence Test“. Тие забележале „значителен когнитивен дефицит“, особено кај луѓето кои биле хоспитализирани поради инфекција со коронавирус.
„Резултатите од студијата да се земат со доза на претпазливост“
Научниците кои не учествувале во оваа студија рекоа дека резултатите од оваа студија треба да се земат со доза на претпазливост, особено затоа што сè уште нема положено независен преглед од експерти.
„Лекарите не беа свесни за нивото на когнитивна функција на учесниците пред инфекцијата со Ковид-19“, рече неврологот Џоана Вардлау од Универзитетот во Единбург.
Д-р Дерек Хил од Империјал колеџот во Лондон, исто така, истакна дека веродостојноста на наодите од оваа студија е сомнителна бидејќи нема споредба на когнитивната функција пред и по инфекцијата и затоа што во студијата биле вклучени голем број на луѓе кои само рекле дека имале Ковид-19 без да презентираат позитивен наод од тестот.
Ново на Сител
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога