Студија: Заштитата по примена вакцина на Модерна трае најмалку шест месеци
– Ново истражување покажува дека заштитата од Ковид-19 со помош на вакцината на Модерна трае најмалку шест месеци.
Заштитата се очекува да трае уште подолго, но досега се собрани податоци поврзани со овој период, се вели во текстот на „Њу Ингланд журнал оф медесин“. Компанијата Модерна посочува дека продолжуваат истражувањата во оваа насока.
Тековната студија, која користела три различни тестови на антитела, покажува дека заштитните тела остануваат активни во сите возрасни групи меѓу 33 лица вклучени во раната фаза на студијата.
Се чини дека помладите групи имаат поголемо ниво на антитела отколку постарите групи. Научниците ќе продолжат да ги испитуваат овие групи за да утврдат колку долго ќе трае заштитата.
Во објавениот текст се наведува она што Фајзер го соопшти минатата недела во врска со својата вакцина, а тоа е дека вакцината Модерена функционира на истиот принцип.
Двата извештаи, и на Фајзер и на Модерна, се темелат на тестови на десетици луѓе кои примиле вакцина за време на истражувањата што претходеле на масовната имунизација. Но, тие студии биле направени пред појавата на нови, позаразни варијанти, поради што во посебен извештај во медицинското списание се пишува за загриженост за мутирани типови на коронавирус.
Фајзер и Модерна соопштија дека работат на ажурирање на вакцините или можност за давање уште една доза, доколку е потребно против новите варијанти.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност