Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени - тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, за кои, како што велат, важи можноста доколку не се достапни да се бара да се прочитаат нивните искази.
Со тоа се завршува со вербални докази и како што беше посочено се очекува да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот.
По изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, како што е најавено, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста.
Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.
Исклучувањето на јавноста, како што укажа обвинителството, ќе се бара во зависност од начинот на изведувањето на доказите и колку ќе се дозволи длабочина во изведувањето.
Судскиот процес започна на 19 ноември минатата година, по што во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје, досега беа сослушани сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори, претставници на институции и општина Кочани, како и членови на бендот, кои настапувале таа вечер.
Судењето го води судијката Дијана Грувеска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
