Судењето за Ласкарци одложено за 20 април
Судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени се одложува за 20 април 2023 година.
Случајот се уште се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште требаше да се продолжи со сослушување на четвртиот вештак кој работел на супервештачењето, но утрово било добиено известување дека еден од членовите на судечкиот совет е на болничко лекување.
За причината за одложување на денешното рочиште, медиумите дополнително беа информирани од Канцеларијата за односи со јавност на Кривичен суд.
Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
Случајот се води против шест лица.
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Ново на Сител
-
Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата, за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство
-
На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот
-
Ким: Оружјето без идеологија е само „железен алат“
-
Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка