Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари идната година. Дотогаш, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, се очекува Врховниот суд да донесе мислење во однос на иницијативата на одбраната да донесе начелно правно мислење за автентично толкување на Законот за амнестија поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
На денешното рочиште првостепениот Суд, повторно требаше да се произнесе по барањето за амнестија, кое еднаш веќе беше го имаше одбиено, меѓутоа Скопската апелација го укина.
До судот, како што информираат од Кривичен, е пристигнато известување дека одбраната на обвинетите во предметот Организатори на 27 април бара од Врховниот суд да донесе начелно правно мислење за автентично толкување на Законот за амнестија поврзан со настаните од 27 април.
- Со оглед да Кривичниот суд досега донесе две одлуки поврзани со барањето за амнестија кои беа укинати од Апелациониот суд, кој пак, и покрај законските можности не донесе мериторна одлука, судот смета дека вакво начелно правно мислење на највисокиот суд треба да ги разреши дилемите околу правата на странките поврзани со Законот за амнестија, се вели во соопштението од Кривичен.
Од Кривичен, исто така, посочуваат дека овој суд мора да води сметка за долготрајноста на постапката и начелото за судење во разумен рок, па заради тоа расправата се одлага за 30 јануари, а до тогаш се очекува Врховниот суд да донесе мислење во однос на иницијативата на одбраната.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.
Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
