Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува в петок откако денеска во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Влатко Кешишев.
Кешишев денеска изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.
Одговарајќи на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата, Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и д
Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот.
На крајот судот ја одложи расправата за 4 април со цел Палевски да има можност да се запознае со содржината и да подготви прашања за Кешишев.
Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
