Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти

Судија во Федералниот суд во Бостон ја блокираше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го одземе правниот статус на 532.000 имигранти од Куба, Хаити, Венецуела и Никарагва.
Одлуката на судијката Индира Талвани е најнова со која се оспорува притисокот на Трамп за брзи и масовни депортации кои конкретно ги таргетираат Латиноамериканците.
Администрацијата на Трамп на крајот на март објави крај на специјалната програма, која беше спроведена во 2023 година од претходната администрација на претседателот Џозеф Бајден.
Таа програма им овозможи на Кубанците, Хаиќаните, Никарагванците и Венецуелците да останат во САД две години поради состојбата со човековите права во нивните земји.
Програмата овозможи околу 532.000 мигранти да влезат во земјата, до максимално 30.000 месечно.
Судијата Талвани нареди итно прекинување на програмата. Таа рече дека владата постапила на основа на погрешно толкување на законот, имајќи предвид дека се забрзани процедурите за отстранување на недржавјаните кои влегле во САД илегално, но не и за оние што легално се во рамките на владините програми.
Без таа судска суспензија, мигрантите кои влегоа во САД во рамки на програмата ќе мораат да ја напушта земјата до 24 април, 30 дена по издавањето на наредбата со која таа се прекинува.
За време на неговата кампања, Трамп вети дека ќе депортира „милиони“ имигранти без документи.
Ново на Сител
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
