Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда
Министерот за правда, Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска од работната група во Министерството за правда. Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик. Според Филков, ова го прави со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за реформите во правосудството. Судијката била дел и од активизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик.
Министерот смета дека е крајно време, надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки, со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност.
-Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред некој ден. Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани за најголем проблем на судството со најниска оценка. Се отвора можност за слични случаи. Апелирам до сите политички чинители да не го злоупотребуваат за дневно-политички цели. Нема да дозволам неказнивост или недопирливост, рече Филков на прес-конференција.
Тој беше дециден дека не лоцира одговорност кај судијката за нејзината одлука за претходното сторено кривично дело на возачот Васил Јованов кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова.
Во досието на возачот стои и дека ова не е прва сообраќајна несреќа што ја предизвикал. Во ноември 2022-ра година, полесно повредил пешак, но се спогодиле со оштетената да нема кривично гонење, но да плати 300 евра казна.
20-годишниот Васил Јованов со брзина од 130 километри на час, во алкохолизирана состојба удрил во 22-годишната Фросина. Тој не поседувал возачка дозвола, а неговото полициско досие открива дека во минатото е сторител на неколку кривични дела. Недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир, насилство и сторител на повеќе сообраќајни прекршоци за што бил упатен во казнено поправен дом.
Ново на Сител
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров