-->
-->
Судир меѓу четири возила на излезот од Прилеп кон Битола
-->
Вчера во 15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на излезот од Прилеп кон Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Џ.З.(29) од с.Борино, крушевско, патничко моторно возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.К.(44) од Битола, патничко моторно возило „мерцедес” со словенечки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(49) од Република Словенија и патничко моторно возило „бмв” со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М.(18) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.З., констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир