Судот го прифати предлогот од Обвинителството за затворски притвор за Мијалков
Судечкиот совет го прифати предлогот од Обвинителството и одреди мерка затворски притвор за обвинетиот Сашо Мијалков, укинувајќи ја мерката куќен притвор.
– Против обвинетиот е поднесен обвинителен предлог, па предвидено е по објавување на пресудата, притворот да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од адресата каде што му е одредена мерката куќен притвор, и да се однесе во притвор – истакна судијката Џанета Бектовиќ
Во однос на обвинетиот Тони Јакимовски, рече таа, делумно се прифаќа барањето на Обвинителството за одредување затворски притвор.
– На обвинетиот Тони Јакимовски му се одредува куќен притвор до правосилноста на пресудата. На обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски се определува мерка притвор до започнувањето на издржувањето на казната затвор сметајќи од денот на нивното пронаоѓање – рече Бектовиќ.
Судијата Владимир Туфегџиќ на крајот на денешното судење им се извини на присутните и на јавноста поради проблемите што ги имаше со гласот во воведните зборови.
– Да се извинам на сите и да не ми замеруваат за мојата недоследност на почетокот на денешното судење кога поради маската за заштита од коронавирусот јас за момент го загубив гласот. Им се извинувам на сите – рече Туфегџиќ.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје