Судот му ги врати на СЈО предлозите за осомничените во „Трезор“

Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) крие докази од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, па заради тоа трите предлози кои во текот на вчерашниот ден од страна на СЈО беа доставени до судот, денеска од страна на судиите на претходна постапка, кај кои беа распоредени, се вратени во Обвинителството.
Ова денеска го соопшти Основниот суд Скопје 1 - Скопје во врска со трите предлози доставени од СЈО вчера во однос на предметот „Трезор“.
- СЈО до судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за четири лица, а доказите заедно со само еден писмен акт - документ, кои согласно законот треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија (УСБ) кое судиите на претходна постапка, кои согласно законот, веднаш по добивање на предлозите започнаа со постапување, не можеа да го отворат, бидејќи меморискиот стик е кодиран, се појаснува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Службено лице кое во судот ги заведува предметите, се подвлекува, го известило СЈО дека не може да се пристапи до наведеното УСБ бидејќи е кодирано на што е добиен усмен одговор од Обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и оти само тие ќе имаат право да пристапат до нив.
- Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка, се вели во соопштението.
Согласно ЗКП, во секој предлог на странките, се посочува, тие се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма, врз основа на кои судот би можел да постапува и одлучува.
- Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд.Дали на ваков начин обвинителството се обидува да ги заштите лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолговлекувањето на постапката, се обидува да ја префрли на судот, е нешто што треба да го одговори обвинителството, стои во соопштениетои од Основниот суд Скопје 1.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
