Балкан
30. July 2016 - 9:32

Судот во Истанбул им одреди мерка притвор на 17 новинари

Судот во Истанбул им одреди мерка притвор на 17 турски новинари поради обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и, според турските власти, е одговорен за обидот за преврат во земјата на 15 јули.

Судот сослуша вкупно 21 новинар, од кои четворица веднаш биле ослободени, додека за останатите 17 е одреден притвор до судскиот процес.

Новинарите се обвинети за припаѓање кон „терористичка група“.

Властите во Анкара вчера му испратија на Вашингтон официјално барање за екстрадиција на Ѓулен.