Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
Судскиот совет на денешната седница ја одложи точката за утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола.
Одложена беше и точката за разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ и не беше изгласано на дневниот ред да се додаде избор на судии поротници на Основен суд Струмица и Кавадарци.
На Седницата беа усвоени записниците од 481 и 482 седница на Судскиот совет и беше формирана Комисија за измена и дополнување на процедури за работа на Судскиот совет на РСМ.
Судскиот совет продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Советот денеска треба да одлучува ипо Известување за итност и неодложност на постапка по Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и разно.
Ново на Сител
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
