-->
-->
Суперкуп: Нов трофеј за Барселона
-->

Фудбалерите на Барселона со титула во Суперкупот на Шпанија ја отворија новата натпреварувачка сезона. Барселона во двомечот ја совлада Севилја со вкупни 5-0, на првиот меч во Андалузија беше 2-0, а во реваншот на „Ноу Камп“ 3-0.
Реваншот пред домашната публика Барселона го отвори со голот на Арда Туран по само 10 минути игра. Потоа Севилја по половина час игра не реализира пенал, односно Браво го одбрани ударот на Ибора, а во самиот финиш на првиот дел Меркадо ја погоди гредата.
Арда Туран го удвои водството на Барселона на почетокот на 47.минута, а конечниот резултат го постави Меси во 56.минута.
Барселона мечот го заврши со десетмина, бидејќи Маскерано на десет минути до крајот поради повреда излезе од игра во ситуација кога Луис Енрике ги изврши сите три замени.
Новата првенствена сезона во Шпанија започнува в петок со натпреварот Малага-Осасуна, а Барселона одбраната на титулата ќе ја започне в сабота против Бетис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
