Живот
10. January 2017 - 19:20

Сурова правда? Татко го убил силувачот на неговата ќерка, сега е осуден на 40 години затвор

Џулија Мејнор имала само 4 години кога Рејмонд Ерл Брукс започнал да ја злоставува. Рејмонд бил очув на мајката на Џулијан и многу често бил во близина на девојчето.

Кога започнало сексуалното злоставување, Рејмонд ја убедувал Џулијан дека она што го прави е сосема нормално и дека таа е посебна. За среќа, девојчето собрало сила и за нападите раскажала на своите родители кои пријавиле во полиција.

Рејмонд во 2002 година признал дека ја злоставувал Џулија, но судијата тогаш донел скандалозна одлука и го осудила на 5 години затворска казна. Поради добро однесување Рејмонд вил пуштен предвремено по две години и три месеци. Платил и парична казна и продолжил со својот живот, како регистриран сексуален осуденик.

По излегувањето од затвор Рејмонд се доселил во Алабама и тоа во истиот град во кој живеела Џулија, пишува британски Мирор. По дури 13 години, кога Џулија имала 24 години и била мајка на 3 деца, таа сеуште не можела да ги заборави траумите од детството. Тие трауми влијаеле и на нејзиниот брак, била во депресија и без волја за живот. Рејмонд и по 10 години и го уништувал животот.

Таткото на Џулија, Џеј Мејнор (43) секој ден гледал како неговата ќерка пати и не можел да го поднесе тоа. За време на еден ручек помеѓу таткото и ќерката, Џулија при напад на бес изјавила дека би сакала да е мртва. Тоа била капката која ја прелила чашата во очите на нејзиниот татко.

tatko-s-ubiec-jpg1

Џеј седнал на мотор, возел до дома, го зел пиштолот и продолжил кон домот на Рејмонд. Кога дошол до неговата куќа, Рејмонд седел на скалите. Џеј го паркирал моторот и без да каже збор го извадил пиштолот и испукал два куршуми во градите на Рејмонд, кој паднал  веднаш паднал мртов.

Полицијата дошла на лице место и прогласила убиство од прв степен а Џеј бил веднаш приведен.

Џеј бил осуден на 40 години затвор.

tatko-s-ubiec-jpg2

Кога јавноста ја дознала оваа приказна, дошло до поделени ставови: Дали Џеј е ладнокрвен убиец или несреќен татко кој не можел веќе да поднесе да ја гледа ќерка си како пати?

Адвокати објаснуваат дека Џеј можел да добие далеку помала казна доколку Џулија сведочела за сите ужаси кои ги доживеела, но таткото не сакал повеќе да ја трауматизира својата ќерка и одбил таа да сведочи.

Се договорил со обвинителството и се спогодиле за казна од 40 години.

-Мојот татко го направи она што би го направил било кој друг кога би бил на негово место. Тој е прекрасен родител и човек. Срцето ми се крши бидејќи е зад решетки, рекла Џулија во изјава за медиумите, минатата година.