-->
-->
Сува трева и стрништа гореле на повеќе локации во Kумановско
-->
Сува трева и стрништа гореле на пет различни локации во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пет различни локации претежно на запалени сува трева и стрништа.
Вчера пожарникарите гаселе пожар во село Редица, кај Менкова колиба во липковско Никуштак, во месноста „Пироќански лозја". Во ноќта горела трева и кај Спомен костурницата.
Кумановската противпожарна единица интервенирала и на опожарени стрништа помеѓу селата Опае и Слуплчне до еден часот по полноќ. Како што е наведено, екипата се уште е на терен.
Пожарникарите од Старо Нагоричане пак интервенирале на опожарена куќа во Руѓинце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра