-->
-->
Свечена академија по повод патрониот празник на Охрид
-->
Централната манифестација во рамки на чествувањата по повод патрониот празник на Охрид, 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во хотелот „Инекс Горица“. Традиционално на Свечената академија по повод празникот ќе бидат врачени највисоките општински признанија – наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“. За 2018 година наградата му е доделена на писателот Видое Видически, додека повелбата оди во рацете на младиот пливачки херој Марко Пејчиноски.На свеченоста свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, а целата манифестација ќе биде пренесувана во живо преку Интернет.
Инаку, во рамки на тридневните свечености по повод патрониот празник за денеска на пладне во Големата сала на општина Охрид е предвидена промоција на книгата „Дојди во Охрид”- антологија на песни за Охрид од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во 18 часот во Куќата на Уранија ќе биде отворена изложба на фотографии: „По трагите на светите Кирил и Методиј”.
Чествувањата на патрониот празник продолжуваат и утре на самиот Ден на Свети Климент Охридски, со поклонување пред моштите на светецот во неговиот храм на Плаошник и положување цвеќе пред споменикот на Градскиот плоштад. Свеченостите ќе бидат заокружени со промоција на книгата „Охридска писменост“ од проф. д-р Димитар Пандев и отворањето на нова етнолошка поставка на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
