-->
-->
Света гора затворена за посетители и верници до 30 март
-->
Манастирите во Света гора, од вчера, па се до 30 март 2020 година, се затворени за посетителите и верниците, со одлука на управните органи, но и на Светата заедница за усогласување со одлуката на грчката Влада за превентивните мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, заменик – управителот Аристос Касмироглу конкретната одлука ја доставил до Светата заедница. Претходно, Светата заедница, што е и највисокиот орган на Света гора на одржаниот состанок, ја прифатила одлуката на грчката Влада што се однесува на затворањето на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција. Одлуката не важи за оние кои работат на полуостровот Атос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-

Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството
-

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах
-

На скопскиот аеродром промоција на два нови напредни уреди за кабински багаж заедно со две нови автоматизирани ленти
