Светците кои се празнуваат денеска

Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора.
Минодора, Митродора и Нимфодора беа сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија. Беа воспитани во христијански дух. Кога пораснаа, сите се повлекоа од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистија и се смирија себеси, што Бог ги украси со дар на чудотворство. За тоа набргу се дозна, па почнаа да им доаѓаат луѓе со најразлични маки. Но, за нив дозна и некој кнез Фронтон и ги изведе на суд. Гледајќи ја нивната голема убавина, тој прво се нудеше да им обезбеди светска слава, но кога виде дека тие на сето тоа остануваа цврсти во својата љубов кон Христа, ги предаде на маки. По измачувањата прво беше погубена Минодора, а потоа и нејзините две сестри. Ова сведоштво се случи меѓу 305 и 311 година.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
