Свети Николе бара пункт за тестирање за коронавирус
Во Свети Николе состојбата со вирусот е загрижувачка. Општинскиот кризен штаб бара отворање пункт за земање на брисеви во Здравствениот дом, со цел оние кои се сомнителни случаи да не патуваат во Велес. Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 198 заразени лица од Ковид-19, а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.
–На седницата се донесе одлука да се побара помош од екипи на ЦЈЗ Велес да отвориме пункт во Нов здравен дом, каде ќе можат да се земат брисеви на заболените лица од Ковид-19 кои досега мораа да одат на тестирање во Велес за да се утврди дали лицата се оздравени од коронавирусот. Со ова ќе ги намалиме трошоците за превоз за лицата но и намалување на бројот на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе, вели Велковски.
Со цел подобро справување со вирусот, донесена е одлука за барање на санитетско возило за потребите на Здравствениот дом, со што ќе се подобрат услугите на граѓаните на општина Свети Николе.
-За потребите на Црвениот крст Свети Николе, донесовме одлука да побараме возило од Црвениот крст на РСМ со цел навремена дистрибуција на потребни лекови и храна на заразените лица и лицата во самоизолација, вели Велковски.
Штип и денеска со двоцифрена бројка на новозазрени во здравствениот билтет. Епидемиолозите регистрираат 16 нови позитивни случаи на Ковод-19. Последните три дена се појавиле по еден или два случаи во шест нови конфекции, а заразените се јавуваат веќе со симптоми за да им се земат брисеви. На Инфективното одделение денеска се лекуваат 46 пациенти, а во извештајот кој го праќа Клиничка болница евидентиран е и еден штипјанец, кој починал, но како што велат бил негативен на коронавирусот, а пред една недела е донесен од Домот за стари лица во Радовиш.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер
-
Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни
-
Ќе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат
-
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола
-
Комисијата за заразни болести будно ја следи состојбата по пријавата на заразено дето со морбили
-
Лицата со мускулна дистрофија тип Душен и Бекер бараат поддршка од државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Со повисоки субвенции до повеќе патници во авиосообраќајот