Светот се збогува со најголемиот: Мухамед Али
Светот се збогува со Мухамед Али, еден од најголемите боксери, но и најголемите спортисти на сите времиња. Претставникот за медиуми на фамилијата на Али потврдил дека трикратниот светски шампион ја загубил последната битка откако уште вчера беше објавено дека се наоѓа во тешка ситуација.
Али имаше 74 години, а подолг период, поточно од почетокот на 80-те години на минатиот век се бореше со последиците од Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана по крајот на кариерата. Зад себе остави четири брака од кои има девет деца.
Во својата боксерска кариера имаше 61 професионална борба од кои победи на 56, a беше светски шампион во три периоди. Роден во Луизвил, Кентаки како Касиус Клеј, тој го промени името во 1964 година, за подоцна со триумфот против Сони Листон да стигне до првата светска титула во тешка категорија. Али доби уникатна позиција меѓу спортистите поради одбивањето да војува во Виетнам за што добива и затворска казна, но и своите мотивациски пораки кои остануваат запаметени.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228