Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
Светот политички се менува и станува се поопасен, а врз ЕУ и НАТО се надвиснати сиви облаци што ја прават нивната иднина незивесна. Треба да се работи на траен и одржлив мир во Украина, заснован врз меѓународното право, а не вопоставен од позција на сила. Во такви услови државите што се блиски, како Македонија и Хрватска, треба да градат партнерство.
Ова е клучната порака што ја испрати претседателот на хрватскиот Сабор пред пратениците во македонскотот Собрание.
„Последните месеци сведоци сме дека на двете страни од Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир. Времето ќе покаже во која мерка е возможно да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да биде одржлив и праведен, а не да биде неизвесна иднина… Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците бидејќи тоа ја доведува во опасност нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би било и силен удар врз меѓународното право и врз светот којшто го градиме од Втората светска војна наваму. Не може да се размрда тој поредок затоа што тоа ќе биде неверојатен преседан којшто ќе создаде нестабилност и којшто ќе значи оправдување на агресија“
Јандроковиќ пред пратениците со порака и за евроинтеграциите. Вели не е коректно што ЕУ се уште формално не ги отвори преговорите со Македонија, но дека Хрватска останува силен поддржувач. Соработката во име на ЕУ беше и клучна тема на средбата со собрнаискиот спикер Гаши.
Хрватскиот државник е во дводневна официјална посета на Скопје. Тој утринава беше пречекан пред Собранието со највисоки и државни и воени почести. Тој веќе имаше средба и со хрватскотот малцинство во Македонија за да ги слушне заложбите и Хрватите да влезат во Уставот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар