Светот стравува од падот на кинескиот сателит: Може да падне уште утре, еве дали сме во опасност
Кинескиот сателит „Тијангонг 1“, кој поради дефект почна неконтролирано да паѓа, најверојатно утре ќе влезе во атмосферата на нашата планета, но мала е веројатноста дека некој негов дел ќе падне на Земјата.
Европската вселенска агенција проценува дека тоа може да се случи в недела, додека претходните проценки на кинеската вселенска агенција беа дека сателитот ќе падне на Земјата во периодот од сабота до среда.
Вселенската лабораторија „Тијангонг 1“ е долга 10,4 метри и тешка 8,5 тони, а беше лансирана во 2011 година, како експериментална платформа за поголеми проекти во рамките на амбициозниот план на Пекинг, да до 2023 година има постојана вселенска станица во орбитата на Земјата.
Се очекува „Тијангонг 1“ да согори при навлегувањето во атмосферата на Земјата и дека нема да биде закана по луѓето и имотот. Само 10 проценти од сателитите „го преживуваат“ влезот во атмосферата.
Според западните експерти Кина изгубила контрола над својот сателит, а Пекинг ги негира тие наводи.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека е мала веројатноста поголем дел од „Тијангонг 1“ да падне на Земјата, додавајќи оти Пекинг е во постојан контакт со Обединети нации за тоа прашање.
Ново на Сител
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски
-
Таравари очекува мерки и за лекарите во клиниката Козле
-
Здравствените работници се вакцинираат против сезонски грип
-
Информатичките науки столб за секој бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов