Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина
Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници.
Со оваа сума, вкупната финансиска помош од Светска банка за Киев, надминува четири милијарди долари.
На 8 март, Светската банка одобри помош од три милијарди, со моментална исплата од 489 милиони, оттогаш исплатени се речиси две милијарди долари, се наведува во нивното соопштение.
Најновото финансирање за Украина овозможено е со гаранции од Велика Британија, Холандија, Литванија, Латвија.
„Проектите на Светска банка во Украина овозможуваат подобрување на работата во јавните служби во области на снабдување со вода, дезинфекции, греење, снабдување со електрична енергија, енергетска ефикасност, патишта, социјална заштита, образование и здравство“, пишува во соопштението на Светската банка.
Потребно е одржување на тие основни служби за да се спречи дополнително влошување на животните услови и сиромаштијата во Украина, според директорот на Светска банка за Источна Европа, Аруп Банерџи.
Тој напомена и дека овозможувањето на функционирањето на Владата ќе биде „темелот на секоја обнова“.
Ново на Сител
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија