Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи

Светски ден на мозочниот удар се одбележува денеска со акцент на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. По тој повод во организација на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи централен настан на Медицинскиот факултет.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, како и директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски.
Мозочниот удар претставува значаен јавно-здравствен предизвик. Навременото препознавање на предупредувачките знаци, контролата на ризик-факторите и брзото добивање соодветна медицинска помош се од суштинско значење за намалување на последиците и спасување човечки животи. Клиниката изминатите два дена организираше активности насочени кон подигнување на јавната свест за мозочниот удар, значењето на превенцијата, раното препознавање на симптомите и навременото лекување. Со организирањето на овие активности, Клиниката ја потврдува својата посветеност на превенцијата, едукацијата и унапредувањето на здравјето на граѓаните, информираа од таа јавна здравствена установа.
Во рамки на активностите, Клиниката за неврологија вчера во нејзините простории организираше Отворен ден за граѓаните, во чии рамки се вршеа бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии, а завчера на плоштадот „Македонија“ се вршеа бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар.
МИА
Ново на Сител
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
