-->
-->
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-->

Светскиот рекордер во скијачки скокови, Словенецот Домен Превц, доби споменик изработен од дрво на скокалницата Планица на која во март година прескокна рекордни 254,5 метри.
Споменикот, изработен од Тадеј Брглес, го откри самиот Домен Превц, заедно со словенечкиот министер за економија, туризам и спорт, Матјаж Хан.
Со скокот од 254,5 метри, Превц го врати светскиот рекорд на Планица по пауза од 14 години, откако неколкуте рекорди во минатото, вклучувајќи ги и претходните 253,5 метри на Австриецот Штефан Крафт, беа поставени на скокалницата во норвешки Викерсунд.
„Статуата ми е многу интересна, првенствено затоа што го доловува моментот на доскокот. Несомнено биле потребни многу часови работа, му симнувам капа на мајсторот“, Превц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
