Свлечиште на патот Кочани-Делчево
На патниот правец Кочани - Делчево кај браната Калиманци има свлечиште и сообраќајот се одвива по една лента. Екипите на Македонија пат работат на негово отстранување. Се препорачува внимателно возење, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојба на патиштата.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино – Гевгелија е намалена од 50 до 100 метри и кај Кула до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата трае до 15 овој месец.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни