Свлечиштето во Булачани ќе се санира денеска

Свлечиштето во село Булачани, кое настана како резултат на невремето што го зафати скопскиот регион, според проценките, се очекува да се санира попладне.
На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во обиколка на теренот, дека во Булачани, Црешево и Смилковци се распоредени и работат околу 300 припадници на МВР и оти во текот на утрешниот ден половина од нив ќе може да се дислоцираат во другите населени места каде што е потребно, како што се Инџиково, Економија и Сингелиќ.
Жителите на Булачани побараа да се зголемат цистерните со вода или набавката со флаширана вода, а исто така и да се обезбедат комбиња со кои ќе може да се превезуваат до своите работни места.
Во ова населено место во тек се и активностите за решавање на проблемот со струјата која ја нема во дел од домовите во селото.
Ново на Сител
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
