СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
Секторот за внатрешни работи (СВР)-Битола со јавен апел денеска предупреди за потенцијалните опасности за настанување пожари на подрачјата каде што има бујна вегетација.
Од секторот за односи со јавност на СВР-Битола посочуваат дека во периодот што следува ќе се зголеми и раздвиженоста во природата и поради тоа неопходно е одговорно однесување на секој поединец.
-Апелираме до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во поле и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња. Покрај ова, на оние кои за време на викендите ќе престојуваат на излетничките, односно туристичките места во регионот, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои многу брзо можат да се прошират и да предизвикаат материјални и други последици. На граѓаните, исто така, им советуваме на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар, посочуваат од СВР-Битола.
СВР Битола предупредува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до осум години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
Ново на Сител
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина