СВР Штип поднесе кривична против 42-годишен дилер
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.С.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 11.07.2020 Е.С. од непознато лице од Скопје набавил хероин за 9.000 денари заради продажба и истиот ден во неговиот дом на А.Ј.(39) и З.Ј.(37) им овозможил да го користат. При преглед од полициски службеници дрогата била пронајдена во просторија каде престојувал Е.С., а каде биле затекнати тројцата како користат хероин. На местото биле пронајдени и дигитална вага и алуминиумски фолии.
На 25.07.2020 во домот на В.Т. од полициски службеници од СВР Штип бил извршен претрес и била пронајдена марихуана. На 05.08.2020, Е.С. за сума од 17.000 денари заради продажба, набавил хероин од непознато лице од Скопје, и со патничко возило „форд“ ја пренел до Штип, заедно со С.И.(27) и А.Ј.(39) од Штип, а при преглед од полициски службеници во 20.00 часот, на влезот од Штип, дрогата била пронајдена и одземена.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот