СЗО: Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.
Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето.
Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.
СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19.
- Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници.
Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот