СЗО: Да се тестираат сите контакти без оглед на симптомите
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразен со коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед дали покажуваат симптоми.
Оваа препорака на експертите на СЗО е дадена откако епидемиолозите во САД проценија дека тестовите не се неопходни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста.
Експертот на СЗО, Марија ван Керкове истакна дека СЗО препорачува доколку е можно да се тестираат сите контакти, без оглед на развојот на симптомите.
Американскиот Центар за превенција и контрола на болести во понеделникот соопшти дека не е неопходно да се тестираат контакти без симптоми, но американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изрази загриженост дека новите препораки на ЦДЦ ќе им дадат на луѓето погрешна претпоставка дека асимптоматското ширење на заразата не треба да биде причина за голема загриженост.
Ван Керкове вели дека тестирањето контакти е од суштинско значење за разбивање на синџирот за пренесување на вирусот.
Таа исто така истакна дека само носењето маска не е доволно, туку дека е неопходно и одржување на физичко растојание и миење на рацете.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово