СЗО – Дополнителна доза на вакцина против Ковид-19 се препорачува за лица со ослабен имунитет
Стручната комисија на Светската здравствена организација (СЗО) препорача денеска „умерено и значително имунокомпримирани“ луѓе да добијат дополнителна доза вакцина против Ковид-19, одобрени од агенцијата на ОН.
Експертите на СЗО сакаа да посочат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација, за што организацијата се уште предлага мораториум до крајот на годината за ослободување на дозите за земјите со ниски стапки на вакцинација.
– Препораката што сега ја даваме е имунокомпромитираните лица да добијат дополнителна доза за да го зголемат нивниот имунолошки одговор на потребното ниво на заштита и со тоа да го спречат развојот на тешка форма на болеста што ќе бара хоспитализација или смрт, нагласи Кејт О’Брајан, директрка за вакцинација на СЗО.
Имунокомпромитирани лица – чиј имунолошки систем е ослабен – беа исклучени од клиничките испитувања во кои беа воспоставени протоколи за вакцинација.
-Оваа трета доза треба да се аплицира еден до три месеци по втората, нагласи О’Брајан.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
