СЗО: Годишно умираат 1,7 милиони деца поради загадување на животната средина

СЗО соопшти денеска дека 1,7 милиони деца годишно умираат поради загадување на животната средина, вклучително од загадена вода и воздух, чад и недостиг од адекватни хигиенски услови.
Такви несанитарни услови и загадување на животната средина може да предизвикаат фатални случаи на дијареја, маларија и воспаленија на белите дробови, се вели во извештај на СЗО.
- Загадувањето на животната средина е смртоносно особено за децата. Развојот на нивните органи и имунолошкиот систем ги прави ранливи на загадување на воздухот и водата, изјави директорката на СЗО Маргарет Чен.
Во извештајот се додава дека изложување на штетни дејствија може да почне уште во утробата на мајката и да продожи ако децата се изложени на надворешно загадување на воздухот. Освен тоа децата се изложени на хемиско загадување преку храната, водата и воздухот, се додава во извештајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
