СЗО: Компаниите треба да си помагаат во производството на вакцини

Генералниот директор на Светска здравствена организција (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги повика компаниите да ги стават на располагање своите производни инфраструктури за да помогнат во производството на вакцини против Ковид-19.
– Ги поздравуваме сите производители кои се обврзаа дека своите вакцини ќе ги продаваат по одредена цена. Но, производителите мможат да направат повеќе, посочи Гебрејесус.
Тој на денешниот онлајн брифинг ја повтори својата молба богатите држави да ги поделат вакцините со посиромашните земји откако ќе ги вакцинираат здравствените работници и повозрасните луѓе.
– Но, исто така ни е потребно и големо зголемување на производството. Минатата недела Санофи најави дека нејзината производствена инфраструктура ќе биде достапна за поддршка за производство на вакцината Фајзер/БиоНтек. Ги повикуваме другите компании да го следат овој пример, истакна Гебрејесус.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
