СЗО: Можно прогласување на меѓународна вонредна состојба поради мпокс
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мпокс (мајмунски сипаници) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.
„Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мпокс треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење“, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот.
СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец