-->
-->
СЗО: На американскиот континент секојдневно по 100 илјади случаи на коронавирус
-->
Повеќе од 100.000 случаи на Ковид-19 се регистрираат секој ден на американскиот континент, од кои половината се во САД, а има загрижувачки жаришта во земји кои досега ја контролираа епидемијата, како Аргентина и Колумбија, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Кариса Етјен.
– Нашиот регион сè уште е под удар на Ковид-19, рече таа на виртуелен брифинг во Вашингтон, кој го одржа со другите директори на пан-американските здравствени организации,
Таа рече и дека со нарушувањето на другите здравствени услуги, се појавува закана од пораст на заболувања кои биле под контрола, како што се туберкулоза, ХИВ и хепатитис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска