СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70 отсто од популацијата за се спречи Ковид-19
– Околу 60 до 70 отсто од светската популација треба да се вакцинира за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Таква проценка е направена врз основа на неколку истражувања, истакна на прес-конференција во Женева шефицата на СЗО во одделот за вакцинирање, Кетрин О’Брајан.
Таа нагласи дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако повеќе би се знаело за вакцините кои се досега тестирани.
– Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, додаде претставничката на СЗО.
О’Брајан изјави дека „освен сознанијата колку вакцините се во состојба да ја спречат заразата со Ковид-19, прашање е дали не дозволуваат задржување на вирусот во носот и грлото кај луѓето кои немаат симптоми и дали му отежнуваат на вирусот да се пренесува од едно на друго лице“.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
