СЗО: Рекорден број од 3,6 милиони новозаразени во светот за една недела
Бројот на нови случаи на коронавирус во светот се зголеми за повеќе од 3,6 милиони минатата недела, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.
Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54.000, што е за 9.000 повеќе отколку во претходната недела, пренесува ТАСС.
Во соопштението се прецизира дека бројот на новозаразени лица во светот минатата недела бил поголем за осум проценти во споредба со претходната недела.
Повеќе од половина, 54 проценти од новите случаи, биле пријавени во Европа, а и 47 проценти од смртните случаи биле регистрирани во тој регион.
Претходниот рекорден број на новозаболени лица во светот на неделно ниво беше забележан во неделата од 26 октомври до 1 ноември, кога беа заразени 3,3 милиони луѓе.
Според СЗО, од 8 ноември во светот се заразени околу 49,7 милиони луѓе, а 1,2 милиони починале.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
