-->
-->
СЗО: Ремдесивир не е ефикасен во лекувањето на заболени од Ковид
-->
Лекот Ремдесивир, произведен од компанијата „Гилид“, не се препорачува за третман на пациенти хоспитализирани поради Ковид-19, без оглед на тоа колку се болни, бидејќи нема докази дека ја намалува смртноста или потребата за механичка вентилација, соопшти панел на Светската здравствена организација.
Панелот на СЗО соопшти дека нема докази дека ремдесивирот го подобрува исходот на болеста во смисла на намалување на смртноста, потреба за механичка вентилација, време на опоравување и слично.
Покрај тоа, лекот се дава интравенски, а сегашната евиденција не ја оправдува неговата употреба, која е компликувана и скапа, според панелот.
Препораката се заснова на податоци од четири испитувања со повеќе од 7.000 пациенти хоспитализирани поради Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска